Вршителот на должноста шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), чија анексија беше прогласена од Русија, Денис Пушилин, денеска изјави дека руски полицајци почнале да работат во Артјомовск, како што го нарекуваат Бахмут во Русија.
„Од денеска таму е Министерството за внатрешни работи“, рече Пушилин во емисијата „Соловјов Лајв“, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека во следната фаза во Бахмут ќе се појават и други служби, вклучително и Министерството за вонредни ситуации, а потоа ќе започне деминирањето.
Министерството за одбрана на Русија на 21 мај објави дека завршило со преземањето на контролата врз Бахмут, град на истокот на Украина, за кој украинските и руските сили жестоко се борат со месеци, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.