Погребот на кралицата Елизабета чинел 162 милиони фунти

Сподели со своите пријатели

Британската влада потрошила 161,7 милиони фунти (204 милиони долари) за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, објави Министерството за финансии.

Loading...

Откако кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст, земјата прогласи десетдневна жалост, која заврши со погребот на 19 септември.

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот, кој беше изложен во Вестминстерската сала, за да ѝ оддадат почит на најдолговечната кралица.

„Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветна доза на достоинство, како и безбедноста на граѓаните да биде загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.

Најголем дел од парите добил МВР, надлежно за одржување на редот и националната безбедност – 73,7 милиони фунти.

Полицијата на Сити Лондон го распореди својот најголем број полицајци досега на улиците, велејќи дека тоа е нивната најголема безбедносна операција во историјата.

На погребот се собраа многу светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.