Русите погодија станбена зграда со проектил, па објавија: „Директно во целта“

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Русија објави значајно соопштение на својот канал Телеграм само неколку часа по големиот ракетен напад врз голем број украински градови.

Loading...

Да потсетиме, во градот Уман со проектил погодија станбена зграда од девет ката и убија најмалку 12 цивили.

Нападнат е и Днипро, каде што загинаа 31-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка, а врз Киев беа истрелани и неколку ракети.

Во објавата до фотографијата од лансирањето на ракетата, на руски пишува „директно во целта“.

Не е јасно дали руското Министерство за одбрана мислеше на нападите утринава во кои загинаа најмалку 12 цивили, но тајмингот на објавувањето е значаен.

На руската објава на Твитер се јави и украинското Министерство за одбрана кое вели: „Постојано нѐ потсетуваат… Русија е терористичка држава!“

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, ја коментира руската објава со следните зборови: „Тие признаваат дека целеле станбени згради. Ни треба оружје за да си ги спасиме сопствените животи“.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.