Соборениот судански лидер Омар ал Башир беше префрлен од затворот Кобер во воена болница во главниот град на Судан, Картум, пред да избијат борби во земјата на 15 април, соопштија два болнички извори.
Поранешниот министер во владата на Омар, Али Харун, го напушти затворот заедно со други поранешни функционери, беше објавено во вторникот.
Ал Башир и Харун ги бара Меѓународниот кривичен суд за наводни злосторства во Дарфур.
Борбите повторно се разгореа во Судан во вторникот вечерта, и покрај договорот за прекин на огнот.
Суданските вооружени сили (САФ) и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот од вторникот по разговорите со посредство на САД и Саудиска Арабија.
Во јули 2008 година, главниот обвинител на Меѓународниот трибунал за воени злосторства го обвини Ал-Башир за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во регионот Дарфур.
Ал Башир беше соборен со воен удар по 30 години владеење и големи демонстрации во кои беа убиени десетици луѓе, по што беше ставен во домашен притвор и армијата ја презеде земјата.
Суданскиот западен регион Дарфур е опустошен од жестока граѓанска војна што избувна во 2003 година, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.