Со концентрација четири пати од дневно пропишаната, Куманово вчеравечер беше на врвот на листата градови со најзагаден воздух во Република Македонија според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Нешто позагаден воздухот беше само во скопско Лисиче со 218 ПМ10 честички на метар кубен воздух, Куманово со 202, а веднаш потоа со 159 следуваше Тетово.
Според податоците на мерните станици, Куманово веќе четири дена е на листата градови со најзагаден воздух во државата, податоци кои претходно граѓаните не можеа да ги добијат поради неисправноста на станицата која беше во дефект неколку години наназад.