Овие села во Старо Нагоричане се скоро празни

Сподели со своите пријатели

Општината Старо Нагоричане според последниот попис од 2021 година има вкупно 3.501 жител и тие живеат во нешто над триесетина села.

Loading...

Но, селата во текот на изминатите години се празнеле, покажува статистиката, што довело до пад на населението во општината за 27 отсто за период од две децении.

Села во Старо Нагоричане до 20 жители

Селото Осиче е празно

Од претходниот попис во 2002 година, па до последниот во 2021, селото Осиче останало целосно празно. Попишувачите регистрирале 11 куќи, но не и жители.

Единаесет села во оваа рурална општина се на прагот да останат без жители и бројат помалку од 20 мештани според податоците на Државниот завод за статистика.

Во нив бројот на населението е повеќе од двојно намален ако се направи споредба со пописот во 2002 година.

Цветишница

Во селото Цветишница живеат само тројца жители, а пред две децении биле за 86 отсто повеќе односно селото имало 21 мештанин.

Две жени и еден маж биле единствените луѓе во селото што ги затекнале попишувачите.

Една од жените е во возрасната група од  30 до 34 години, втората е најстариот жител и има измеѓу 65 и 69 години, додека единствениот маж во селото е во категоријата од 60 до 64 годишна возраст.

Loading...

Сите тројца по националност се Македонци, а живеат во три различни домаќинства.

Карловце

Селото Карловце за изминатите 20 години е преполовено и денес таму живеат петмина жители од кои четворица со македонска националност.

Петмината според пописот од пред две години, живееле во четири различни домаќинства.

Што се однесува до нивната возраст, две лица маж и жена се во категоријата од 50 до 54 години тоа се најмладите жители на оваа село. Сите останати се мажи на возраст меѓу 55 и 74 годишна возраст.

 

Село Карловце, фото: Википедија

 

 Рамно

И селото Рамно не одолеало на трендот за намалување на бројот на жители. Денеска таму живеат шестмина жители од кои четворица се изјасниле како Македонци, а за две лица нема податок.

Шестмината жители живеат во исто толку домаќинства и четворица од нив (двајца мажи и две жени) се во возрасната група од 50 до 59 години.

Loading...

Еден мештанин бил во статистиката од 70 до 74 годишна возраст, а највозрасниот жител била жена во возрасна група од 80 до 84 години.

Брешко

Осум жители избројале попишувачите во 2021 година во селото Брешко, каде пред две децении живееле двојно повеќе луѓе.

Сите осуммина се Македонци, од кои четири од машки и четири од женски пол.

Изненадувачки, но во оваа село има и деца. Едното било момче на возраст меѓу пет и девет години, а останатите две се девојчиња, од кои едното во категоријата од 10 до 14-годишна возраст, а второто имало меѓу 15 и 19 години.

Од останатите мештани има маж во доцните триесет и жена во раните триесети години, додека највозрасните маж и жена се во категоријата од 60 до 64-годишна возраст.

Осуммината жители на Брешко живеат во три домаќинства колку што има во целото село.

Врачевце

Селото Врачевце пред две години имало десет жители, од кои деветмина со македонска и еден мештанин со српска националност.

И во оваа село има помлади жители. Момче во категоријата од 15 до 19 години, момче и девојче на возраст меѓу 20 и 24 години и мештанин на возраст од 25 до 29-годишна возраст.

Loading...

Две жени се во категоријата од 40 до 44 години и двајца мажи од 50 до 54 години. Во возрасната граница од 75 до 79 години бил попишан еден маж, додека највозрасниот жител бил во категоријата над 85-годишна возраст.

Десетте мештани живеат во пет различни домаќинства.

 

Село Врачевце, фото: Википедија

 

Малотино

И селото Малотино има десет жители распоредени во пет домаќинства. Од нив петмина се Македонци, двајца Срби а за останатите нема податок. Само две се од женски пол.

Најмладите мештани во селото се мажи во четириесетите години. Еден маж бил во возрасната група до 60 до 64 години, и највозрасниот бил на возраст меѓу 75 и 79 години.

Loading...

Останатите четворица се во категоријата од 65 до 69-годишна возраст, меѓу кои четворица мажи и две жени.

 

Село Малотино, фото: Википедија

 

М’гленце

Селото М’гленце има 14 жители, меѓу кои десет мажи и четири жени. Шестмина се Срби, а за останатите нема податок. Живеат во пет различни домаќинства.

Најмладите мештани на оваа село се во раните четириесети години (маж и жена), додека четворица мажи се во возрасната група од 45 до 49 години.

Loading...

Двајца мажи се во раните педесети, а една жена во доцните педесети години.

Останатите четворица мештани имаат над 70 години, од кои еден маж во моментот на пописот имал и над 85 години.

Дренок

Петнасет жители има селото Дренок. Осум мажи и седум жени, сите македонска националност, живеат во седум различни домаќинства.

Имало две деца, девојчиња на возрст до четири години. Попишувачите регистрирале и девојка во возрасната група од 25 до 29 години.

Двајца мажи биле на возраст од 50 до 54-годишна возраст, додека останатите имале над 60 години.

Loading...

Жељувино

Жељувино во 2021 година според податоците од пописот имало 17 мештани, од кои седум мажи и десет жени. Сите биле со македонска националност и живееле во осум домаќинства.

Најмладиот жител на селото Жељувино било девојче до четиригодишна возраст. Но, тоа не било единствено дете во селото. Попишувачите регистрирале момче во возрасната група од пет до девет години, две девојчиња од 15 до 19 години и уште едно момче во раните дваесети.

Тројца од жителите биле во категоријата од 35 до 39 жители (еден маж и две жени). Маж и жена во доцните четириесети и маж во раните педесети години од животот.

Останатите шестмина биле на возраст над 65 години.

Буковљане

Ова село во Козјачијата според последниот попис имало деветнаесет жители. Од нив 12 мажи и седум жени, мнозинството Македонци. Тие живееле во 11 домаќинства.

Нема деца во оваа планинско село, најмладиот мештанин било од женски пол во возрасната група од 20 до 24 години.

Loading...

Највозрасните жители на селото, маж и жена, имале над 80 години.

Длабочица

Селото Длабочица имало точно 20 жители во моментот кога биле посетени од попишувачите. Десет мажи и исто толку жени, од кои половина Македонци, еден Србин и за останатите нема податоци.

Оваа село има четири деца од кои две девојчиња и едно момче биле во категоријата од пет до девет години, а четвртото исто така девојче, било на возраст меѓу 10 и 14 години.

Тројца од мештаните биле во триесетите години, двајца во четириесетите, додека највозрасниот жител на Длабочица била жена меѓу 75 и 79 години.

 

Loading...
Село Попис 2021 Попис 2002 Разлика (во %)
Осиче 0 5 -100
Цветишница 3 21 -85,71
Карловце 5 11 -54,5
Рамно 6 21 -71,4
Брешко 8 16 -50
Врачевце 10 22 -54,5
Малотино 10 37 -72,9
М’гленце 14 84 -83,3
Дренок 15 54 -72,2
Жељувино 17 58 -70,6
Буковљане 19 75 -74,6
Длабочица 20 51 -60,7

 

Серијалот со демографска анализа за селата во Старо Нагоричане продолжува наскоро со села од 20 до 100 жители.

Во меѓувреме ТУКА дозјанте колку жители има секое село во Општина Куманово.

Никола Ивановски