За дваесет сантиметри е повисок водостојот на реката Пчиња по врнежите од дожд што изминатото деноноќие го зафатија регионот на кумановско.
Loading...
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утринава на мерната станица во селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесува 76 сантиметри.
Тоа е за 20 сантиметри повеќе во споредба со вчера и го надминува просекот за овој период од годината кој изнесува 65 сантиметри.
Никола Ивановски