Германскиот град Остелсхајм во неделата избра сириски бегалец за свој градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите, објави агенцијата ДПА.
Дваесет и девет годишниот Рајан Алшебл, кој побегна од Сирија во 2015 година, се кандидираше како непартиски кандидат за градоначалник на Остелсхајм во југозападната сојузна покраина Баден-Виртемберг.
Своите искуства во предизборната кампања ги опишува како „главно позитивни“.
На 21-годишна возраст, Алшебл побегнал од својот роден град Сувејда во јужна Сирија.
Според асоцијацијата на општини на Баден-Виртемберг, досега на изборите за градоначалник немало други кандидати со сириско потекло.
На изборите во неделата, Алшебл ги победи непартиските кандидати Марк Штраус и Матијас Феј.