Крим: Прогласена вонредна состојба во Џанкој по нападите со дрон

Сподели со своите пријатели

Во градот Џанкој на Крим, кој синоќа беше нападнат од украински дронови, воведена е вонредна состојба, изјави шефот на градската управа Игор Ивин.

Loading...

Тој изјави дека во градот се оштетени неколку згради и електричната мрежа.

Оштетени се приватна куќа, продавница и стручно училиште, изјави Ивин, пренесува РИА Новости.

Олег Крјучков, советник на шефот на Крим, изјави дека беспилотните летала, освен со експлозив, биле полни и со шрапнели.

Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека ситуацијата во Џанкој е под контрола и дека е почната реконструкција на оштетената инфраструктура.

На состанокот на владата на Крим, Аксјонов изјави дека силите за воздушна одбрана синоќа оперирале поради напад со дрон и дека едно лице е повредено.

Украинското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека ракетите „Калибр“, кои биле транспортирани со железница и наменети за руската Црноморска флота, биле уништени во експлозија на Крим.

Украина не потврди дека стои зад нападот, пренесува Танјуг.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.