Жени херои од Куманово

Сподели со своите пријатели

Во чест на Меѓународниот ден на жената – Осми Март, денеска ве потсетуваме на најпознатите жени херои на Народно ослободителната борба во Куманово.

Loading...

Оние кои рамо до рамо со мажите се бореле за нашата слобода. Фетка, Нада Михајловска, Царевка Виличиќ, Магдалена Антова и Вера Которка се само дел од нив.

Во продолжение дел од нивните биографии и постигнувања.

Приказната за Фетка – партизанка од кумановско

Во ноќта на 21 септември 1944 година, колона од партизани борци го минувале матниот Вардар.

Меѓу нив била и осумнаесетогидшната Елизабета Насковска – Фетка. Нејзината младост не знаела за страв. Таа храбра девојка згазнала низ немирните води на брзиот Вардар.

Уште пред да излезе во Партизани на својата мајка и оставила фотографија. На неа и напишала: За вечен спомен на милата ми мајка, од непослушната Фетка“.

Таа непослушна фетка, куршумите не ја плашеле, ниту пак брзите води на немирната река можеле да создадат сомниение пред задачите што ја очекувале. Постојан епитет на нејзините 18 години била храброста.

Немирните бранови на Вардар кои се мотале во брзаци, таа ноќ сјаеле. Таа ноќ месечината била сокриена, како да не сакала да биде сведок на подлата намера на Вардар, а можеби и знаела за разговорот на Фетка со нејзината мајка.

Loading...

– Ќерко мила, послушај ја својата мајка. Немој да одиш во партизани!

– Не мајко, ќе те послушам, нема да излезам, ја тешела Фетка.

И кога во 1943 година скоевката Фетка Насковска излегла во партизани, не заборавила да остави своја фотографија на мајка си.

Мајка и долго ја чекала да се врати. Кога ја пронашла фотографијата, се и станало јасно.

Минувале денови и месеци, а Фетка не се јавувала. Еден ден поштарот тропнал на вратата и донел писмо, а во него:

– Мамо, ти се јавува од Грција. Овдека е многу тешко, ние јадеме суви лисја. Но, немој да тагуваш мајко, за мене. Ти имаш ќерка борец. Ти можеш да се гордееш со својата ќерка, јас сум делегат на нашата десетина. Мајко пред неколку дена бев одликувана со сликата на Тито. Не заборави мајко мила, дека бргу ќе дојде денот кога твојата ќерка со пушка в рака ќе маршира низ улиците на нашиот град. Тогаш мајко ќе ја видиш твојата ќерка во партизанска облека, стоело во писмото на Фетка.

Немирните бранови на Вардарна 21 септември 1944 година проголтале единаесет партизани. Меѓу нив била и „непослушната“ Фетка. Затоа месечината била сокриена. Таа не можела да го гледа давењето на непреживеаната младост. Младост полна со идеали, младост која за идеал ја имала слободата.

Фетка знаела дека слободата бара жртви. Нејзината голема желба, таа да го ослободи својот град останала неисполнета. Само за неполни два месеци градот бил ослободен.

Loading...

Фетка не го доечкала тој ден. Нејзината младост пропаднала во матните води на Вардар.

Единствено што и останало на мајката на Фетка е нејзината фотографија. Нејзиниот гроб бил Вардар. Нејзините очи и насмевка ги покриле длабочините на немирната река.

 

Нада Михајловска – борец на НОБ од Куманово

 

Уште како дете од 11 години заедно со нејзиниот постар брат и сестрата, Нада Михајловска започнува да го помага народноослободителното движење.

Таа не знаела за детски кукли. Кај неа од ден на ден желбата за слобода се зголемувала. Како ученичка на III, IV и V клас гимназија, била најдобра и најпримерна, а истовремено и најдобар партизански курир во градот.

Во 1943 година нејзината постара сестра заедно со неколку други другарки паѓа во затвор. Нада цела година носела храна и ја храбрела својата затворена сестра. Затварањето на нејзината сестра преставувало нов стимул, полн со енергија и љубов кон своето дело.

Loading...

Нејзината мајка Гора се гордеела со својата ќерка. Таа и била единствената нејзина надеж и утеха. Една вечер Гора на белата покривка од креветот од својата ќерка ги нашла пресечените две плетенки со пораката „Мајко јас заминувам во партизани“. Таа ноќ Нада заедно со неколку другарки од куќата на Ефта Менкова заминува во партизани.

Како борец на Третата македонска ударна бригада, Нада учествувала во повеќе борби. Таа била добар стрелец и дисциплиниран војник. Безпрекорна храброст покажува при борбата на Пелинце. Во општиот виор кај Ристовац, Нада заедно со неколку другари зазема еден бункер, а со тоа во многу придонеле за позитивниот исход на оваа борба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

По четиридневниот неуморен машр Нада со своите другарки учествува во борбата кај Пробиштип на 4 април. Во оваа борба против бугарскиот фашистички окупатор Нада е тешко ранета и заробена.

Иако била ранета, не се плашела од ништо, а особено мачењата од страна на окупаторите. Еден Германец со нож вртел по ранетата нога на Нада. Сакал да чуе молба, плач, покореност. Сакал да дознае кои се нејзините другари, но не успеале.

Откако се убедиле во непокорноста и борбениот дух на младата партизанка, не им преостанувало ништо други, освен пред на сила насобраниот народ во Штип да ја стрелаат младата херојка заедно со уште единаесет рудари од рудникот „Злетово“.

И така од истрелот на непријателот згаснал животот на нашата некогашна сограѓанка Нада Михајловска.

Loading...

 

Приказната за Царевка Виличиќ

Царевка Виличиќ од Куманово е една од двајцата живи борци на Народно ослободителната борба. Во длабока старост секоја година на големите национални празници им одава почит на своите соборци, кои ја немале среќата како неа да ја видат Македонија слободна.

Во продолжение прочитајте ја приказната за Царевка Виличиќ, која некогаш го носела презимето Велковска.

Таа октомвриска ноќ 1944 година, кога слободата го покажуваше своето румено лице, борците на Третата македонска ударна бригада чекореа по билата од десната страна на реката Треска, недалеку од Скопје. Уморни, гладни, изнемоштени чекореа по стрмниот планински пат што се спушташе кон реката.

Желбата за поубада иднина беше поголема и од студот и од ноќната темница, и од офкаќања на ранетите. Уште малку остануваше до плодовите на нивното големо дело, уште малку па крај на крвопролевањето и окупаторското угнетување, уште малку до остварувањето на желбите.

Loading...

Одеднаш, грмотевица, светлина од гранати и пушкомитралези, од ново леење крв. Мораше да се прегази надојдената Треска.

Две другарки, едната ранета во стомакот, а другата со крвава десна рака, а во левата пушкомитралез, ја газеа реката. Водата им досегаше скоро до градите. И во моментот пред да излезат од водата два балистички кундака ги удрија по главите. Паднаа онесвестени во студената вода на Треска. А откако ги извлекоа од водата, балистичките кучиња се нафрлија на својот плен. Не гледаа каде и со што дираа. Сепак и двете останаа живи.

– Како се викате? – ги запраша балистот Џемо.

– Јас сум Царевка Велковска од Куманово.

– Албанка ли си или Турчинка?

Loading...

– Јас сум Македонка – додаде изнемоштената девојка.

Силен удар по градите.

Царевка во НОБ

 

Попладнето на 25 октомври, двете девојки чекореа по главните улици на Тетово. Кон нив беа уперени повеќе од 30 пушки. Чекореа смео и гордо. Балистите сакаа да ја покажат својата голема сила пред насобраниот народ, над двете немоќни ранети партизанки. Сакаа да ги понижат, но не успеаја. Насобраните граѓани не се смееа, туку плачеа.

Утредента, на 26 октомври Царевка Велковска и нејзината другарка беа префрлени во Гостивар. И таму иста слика. Ги тепаа по улиците на Гостивар, сакајќи да докажат дека тие две се последни партизанки од тој крај. Не, не беа тие последни. Тие беа само две од многуте учеснички во НОБ.

На плоштадот во Гостивар стоеја подолго време опкружени со стража. Тој ден нашата сограѓанка Царевка наполнуваше 14 години. Тогаш беше нејзиниот голем ден. Ја немаше нејзината мајка со топол родителски бакнеж да и го честита роденденот. И таа не мислеше на тоа. Таа мслеше дали тука или на некое друго место ќе ја убијат и дали пак ќе ја мачат.

Loading...

Поради малолетност не можеа да ја чуваат во затвор, па затоа одново ја вратија во Тетово во визбата на еден стар балист. Тука беше полошо од затвор, без храна, секојдневни испитувања и мачења.

За повторното враќање во Тетово на младата заробеничка Царевка дознала скоевската организација во градот која веднаш го организирала нејзиното бекство. Едно ноемвриско утро влегоа три вооружени другари со бели кечиња на главата.

– Смрт на вашисмот – извикаа сите тројца како по договор.

– Слобода на народот, извикна избледнетата девојка која по еден месец темница ја виде убавината на денот.

Тројцата вооружени младинци беа испратени од страна на скоевската организација со цел да не и се случи нешто на младата херојка при ослободување на градот.

Loading...

 

 

Магдалена Антова – прва жена жртва на НОБ од кумановско

Магдалена Јорданова Антова е родена на 20 јуни 1920. година во Белановце, кумановско и била македонска комунистика, учесник во Народноослободителната борба, воедно и првата загината партизанка на Народноослободителна војска на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Таа како обична работничка шивачка била примена како член на Сојузот на комунистичката омладина на Југославија во 1939 година. По фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на МК на КПЈ.

Била борец на Карадачкиот партизански одред (12-14 октомври 1941), кој по предавство бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица. Во битката Антова загинала заедно со повеќе свои соборци. Нејзината трагедија е во тоа што таа била издадена од сопствениот татко кој бил бугарофил.

Првиот текст во чест на Антова бил напишан во првото издание на кумановскиот весник „Наш весник“, кој можете да го прочитате во продолжение. Не се знае кој е авторот на текстот, со оглед дека се потпишал само како „Д.“.

Кога партиската органиција во Куманово при крајот на 1937. година се реорганизира и во текот на 1938. и 1939. појде во ширина, посебно меѓу младината, Магдалена беше една од првите младинки што пристапи кон организацијата на СКОЈ. Ретко беа таквите младинки како Магдалена, која толку голема љубов ја читаше напредната литература. Таа и овозможи да стане еден од подобрите агитатори на напредните идеи меѓу жените, а посебно меѓу работничката женска младина. Своето политичко образование таа  надополнуваше со следење на разни списанија и брошури, што полулегално се иреа меѓу младината од рака на рака. Нејзината работа во текот на 1940. година беше заблежана и се доверува да раководи со една скоевска група. Во работата на СКОЈ Магдалена ја наоѓа смислата на својот живот се до денот на нејзиното јуначко загинување.

Како младинка учествува на сите масовни излети што ги организираше МК на КП за Куманово. Почена од примерот на поираснати комунитсти, Магдалена собираше околу себе младинки – работнички и во оединечни или групни разговори ги пропагираше напредните идеи. Главно агитацијатана СКОЈ, препорачување што повеќе да се чита напредната литература и др. Политичкото влијание што Магдалена го вршеше меѓу работничките беше вино и приемчиво за нив, та заради тоа и нејзината скромност младинките многу ја сакаа Магдалена.

По окпацијата на земјата Магдалена, со несмалена сила продолжува да работи Сковската организација. Кога кумановската партизанска организација започна со продирање на село, по Мајската партиска конференција – 1941. година, Магдалена стана член на една од агитационо-пропагандните групи. Во состав на оваа група Магдалена и на село скоро секоја неделаи врши политичко влијание меѓу селската женска младина. Како младинка – скоевка – Магдалена ги чита и обработува разните летоци, прогласи и друг илегален материјал, ги објаснува дневните настани и статиите од органот на МК „Дедо Иван“.

Кога кумановската партиска организација зема кс на воружено востание, Магдалена заедно со брат и беше сокрила големоколичество муниција во нивната бавча и при првиот повик за прибирање на оружје и муниција таа го предаде.

Во текот на септември 1941 година започна да се зборува за одење во партизанскиот одред. Магдалена со радост ја исчекуваше веста да биде повикана за да стапи во Кумановскиот партизански одред. Кога и беше соопштена веста дека е повикана меѓу првите борци да стапи во патизанскиот одред, нејзината среќа и радост немаа крај.

Стапувањето во Карадачкиот партизански одред за неа беше празничен ден. Од домашните само брат и знаеше. Ја остави својта родна куќа и тргна кон зборното место. Вечерта на 11. откомври Карадачкиот одред го пречека Кумановското Поле и на 12 дента се најде во поширокиот реон на село Белановце. На 13 октомври наутро бугарската војска се групира кај местото наречено „Белановска воденица“ и минува во напад. Бидејќи одредот бил опколен од сите страни, по првите пукања, Магдалена беше меѓу првите борци што се обиделе да му се спротивстават на непријателот и да пружи отпор, но беше покосена од митролески рафал. Падна со смртта на јунак.

Магдалена Антова доаѓа во ред на оние младинки – борци за кои со право може да се каже дека се цвет на еден револуционерски крај, на ден народ, што се поднесува како жртва во име на слободата. Магдалена беше и остана како симбол на неизмерн оданост и верност на СКОЈ и КПЈ. Таа беше една од оние младинки со особен идеализам и младински занес се прифати за оружјето да се бори против окупаторот. Затоа и нејзиното јуначко загинување го ожали се што беше поштено во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Со својата скромност, непосредност и неуморното залагање, Магдалена многу приднесе за ширење на напредните идеи меѓу младината во Куманово. Затоа и нејзиното прерано загинување со голема болка беше примено од сите оние што ја знаеле и чуле за неа. Нејзиниот лика младинка безрезерва одана на Народната револуција и денеска служи како пример на патриотизам што треба да се следи.

 

Вера Которка – Жената херој од Куманово

Вера Теодосиева Трајковска или позната како Вера Которка е родена на 2. Април 1925 година во Куманово. Била македонска партизанка, учесник во Народно-ослободителната борба. Во Сојузот на комунистичката омладина на Југославија била вклучена уте како ученичка на кумановската Гимназија.

Loading...

Била еден од поистакнатите партизани, но и пообразованите, знаела германски, италијански и француски јазик што за тоа време е вистинска реткост.

Сепак загинала многу млада. На 25 годишна возраст, поточно во 1944. година била убиена на Осоговските планини, близу Пониква.

Можеби единствениот, но и најубав текст за тоа која всушност била Вера Которка, е објавен во првиот број на кумановскиот весник „Наш весник“, кој можете да го прочитате во продолжение.

Јуни 1944. Топлото сонце пржи. Воздухот трепери, а борците на Третата македонска ударба бригата чекорат изморени, бавно, во колона по еден. Бригадата туку што се вратила од напорниот и долг марш до Грција и назад.  Борците брзаа кон својата слободна територија, кон своите драги пријатели на Козјак. Челото на бригадата слегуваше кон Пробиштип, ги минуваше последните сртови на Осоговскиот масив, кога падна во заседа. Бугарите ја чекаа изморената бригада. Тие ги чекаа гладните, изморените борци и однапред се радуваа на својот пеколен план.

И згрмеа првите истрели. Партизаните полегнаа. Се разви нерамна борба. Нестана замор. Храбрите борци јуришаа на непријателот. Меѓу нив најхрабра беше Вера Трајкова – Которка. Таа смело напаѓаше, фрлаше бомби и ги храбреше своите другари да истраат во борбата.

Одеднаш некој шепна: Вера е ранета. А потем, потем бригадата проговори: Вера Которка е ранета другари, напред, напред на непријателот, на омразениот фашистички слуга. На јуриш!

Непријателот е разбиен. Бригадата е собрана. Тој ден за херојско држање Вера Которка е пофалена пред бригадата. Тој ден борците ја носеа Вера ранета. Ја носеа како сестра, нежно, за да не и причинат болка. А крвта липаше. Крвареше тешката рана под пазувата. Колоната одеше кон снежниот Козјак. А во средината Вера на носила, тешко ранета. Борците се сменуваа, ја носеа, ја прашуваа како и е, а таа им ја стискаше раката, ги бодреше. Одвреме на време преку нејзиното бледо лице ќе заигра кратна усмивка. Во еден момент Вера умре. Умре баш кога бригадата навлезе во слободната територија.

Loading...

Тоа беше удар за секој борец, за секој оној кој ја познаваше Вера Которка, таа тивка, кратка средношколка, што во слободните часови знаеше да биде и сестра и другар, и да раскажува за себе, за борбата, за убавата иднина, таа Вера, која во борбата се преобразуваше во неустрашив борец, Вера која јуришаше на непријателските бункери и ги урнува.

Вера Которка за себе велеше дека е без биографија. Имала нерадосно детство, а својата младост и ја посвети на Партијата. Таа немаше време за љубов, за разонода, зашто Партијата и поставуваше многу задачи, а таа ги извршуваше со елан, самопрегорно, точно, упорно, без некоја резерва.

Окупацијата ја затечува како скоевка. Вера е ученичка во кумановската гимназија. Неуморно работи меѓу учениците, ја раскринкува окупаторската и поробувачката политика на Бугарите, говори за Народноослободителната борба на југословенските народи. Тоа го забележуваат властите, ја сослушуваат. Зарати тоа таа преминува во илегален живот. Таа живее скриена, но нејзината активност не престанува. Работи, зашто работата, во исполнувањето на партиските задачи, наоѓа смисла на својот млад живот. А кога веќе не можеше да опстане во градот, оди во одредот.

Другарите Вера Которка ја чуваат во убав спомен. Тивка, кротка, таа знаела секому да му се доближи, секој и се доверувал, многу борци во неа гледале своја сестра. Многу ја ценеле и сакале.