Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја започна својата прва посета на Ирак во последните шест години за да покаже „солидарност“ по долгорочната политичка криза во земјата, пренесува агенцијата Франс прес.
Гутереш рече дека сака да покаже „солидарност со народот и демократските институции на Ирак и солидарност што значи дека Обединетите нации се целосно посветени на поддршката на консолидацијата на институциите во оваа земја“.
Тој додаде дека сака да го изрази своето „верување дека Ирачаните ќе можат да ги надминат тешкотиите и предизвиците со кои сѐ уште се соочуваат преку отворен и инклузивен дијалог“.
Гутереш, кој слета во Багдад во средата навечер, треба да се сретне со премиерот Мухамед Шија Ал Судани, како и со претставници на групите за правата на жените и младите во текот на денот.
Тој утре ќе посети камп за раселени лица на северот од земјата.
Потоа во Ербил ќе се сретне со претставници на регионалната влада на Ирачки Курдистан.
Генералниот секретар на ОН последен пат го посети Ирак пролетта 2017 година.