Страшен судар во Јужна Африка – 20 загинати, 68 повредени

Сподели со своите пријатели

Јужноафриканските власти информираат дека најмалку 20 лица загинале, а 68 се повредени во судир на туристички автобус и комбе што превезувало пари.

Loading...

Судирот се случил синоќа околу 20 часот на автопатот N1 во областа Махадо во Лимпопо, пишува Daily Mail.

По несреќата автобусот се превртел и паднал во реката. Службите за итна помош и противпожарната служба набрзо пристигнале на местото на настанот.

Три лица се пронајдени мртви покрај патот, а уште 16 мртви покрај реката. Едно лице починало при транспорт во болница.

Повеќето од загинатите кои биле пронајдени покрај реката останале заробени под автобусот.

Причината за несреќата сѐ уште не е позната.

Службите за итни случаи соопштија дека пред инцидентот во областа врнело силен дожд.

 

Loading...