Кинеска провинција им дозволи на невенчани парови легално да имаат деца

Сподели со своите пријатели

Здравствените власти во кинеската југозападна провинција Сечуан ќе им дозволат на невенчаните парови да се регистрираат за да основаат семејство и да уживаат во придобивките кои претходно биле резервирани само за брачните парови.

Loading...

Тоа е обид на локалните власти да го поттикнат растот на наталитетот.

Државниот регистерски систем за парови обезбедува породилно осигурување кое ги покрива медицинските сметки и им овозможува на жените да ја задржат платата за време на породилното отсуство, пренесува Ројтерс.

Овие бенефиции сега ќе се прошират на немажените жени и мажи во Сечуан, каде што постарите од 60 години сочинуваат 21 отсто од населението, според податоците на владината агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ни другите не ги намалуваат емисиите: Трамп ќе има мало влијание врз емисиите на стакленички гасови

Мерката има за цел „да го промовира долгорочниот и рамномерен развој на населението“, се вели во соопштението на здравствената комисија во Сечуан.

Од 15 февруари, на брачните двојки и на сите поединци кои сакаат да имаат деца ќе им биде дозволено да се регистрираат во владата во петтата најнаселена кинеска провинција, без ограничување на бројот на деца за кои можат да аплицираат.

Досега, комисијата дозволуваше само брачни парови кои сакаат да имаат до две деца да се пријават кај локалните власти.

Населението на Кина се намали минатата година за прв пат по шест децении, а се очекува дека бројот на луѓе во Кина дополнително ќе се намали во наредните децении.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската принцеза Јурико почина на 101-годишна возраст

Голем дел од демографскиот пад на Кина произлегува од нејзината политика за едно дете, наметната помеѓу 1980 и 2015 година.