Лавров: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји во Африка

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по неговата посета на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

– Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.