Поради руските напади, превентивни прекини на струја во Киев, Одеса и Днепропетровск

Сподели со своите пријатели

Во делови на Киев и во уште три украински региони утрово превентивно е исклучена струјата поради новиот бран руски ракетни напади, соопшти приватната електроенергетска компанија ДТЕК.

Loading...

„Тоа е превентивна мерка што ќе спречи големи оштетувања на електричната инфраструктура доколку непријателските проектили стигнат до целта“, соопшти групата на Телеграм.

Освен во главниот град, исклучување на мрежата има и во Одеса и Днепропетровск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јермак: Знаеме што прави Путин и какви се неговите тактики. Нема да му дозволиме да го стори тоа.