Влезот во Венеција е сè уште бесплатен, наплатата одложена

Сподели со своите пријатели

Воведувањето билети за влез и посета на Венеција е одложено за лето затоа што пропусниците не беа навреме обезбедени, што ќе го ограничи бројот на туристи кои можат да влезат во Венеција дневно, а се уште не е детално утврдено кој паѓа во категоријата на оние кои мора да платат билет, а кои не.

Loading...

Овој најфасцинантен град во светот, кој е и еден од најпосетуваните со седум милиони луѓе годишно, ќе биде првиот град кој ќе го воведе овој експериментален систем дизајниран да не го намали бројот на туристи, туку да овозможи подобар транзит на луѓе низ градот и зголемување на квалитетот на туризмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

„Ова е првиот град во светот, единствениот град кој ќе се обиде на овој начин да даде конкретен одговор на преголемиот број туристи во одредени периоди од годината“, изјави Симоне Вентурини од Туристичката организација на Венеција.

„Како жител на Венеција, се плашам дека влезната такса ќе направи овој град да стане нешто што не личи на град. Мислам дека тоа воопшто нема да влијае на бројот на туристи и ќе биде неефикасно“, жител на Венеција.

Жителите на Венеција, како и оние кои поседуваат имот во градот, нема да плаќаат влезница во градот.

Во оваа категорија спаѓаат и вработени, студенти, оние кои доаѓаат во Венеција од здравствени причини, полиција и војска, спортисти кои се во градот на спортски натпревари, оние кои треба да присуствуваат на судење…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!