Силен земјотрес во Непал, го потресе дури Њу Делхи

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Непал, а беше почувствуван и во Њу Делхи, главниот град на Индија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според извештајот на Американскиот геолошки институт, епицентарот бил на шест километри од Колти, Непал.

Извештаите покажуваат дека потресот траел повеќе од 30 секунди.

Засега нема повеќе детали.