Во чест на христијанскиот празник Водици денеска се одржа традиционалната манифестацијата „Пивтијада“ во Куманово.
Loading...
Настанот е во организација на Здружението на граѓани „Еко – гард” од Куманово и ресторанот „Грација“, а со поддршка на Општина Куманово.
Loading...
– Ова е 21 издание на традиционалното празнично дружење кое има натпреварувачки дух, се избира најдобра пивтија, низ песна и игра на членовите на КУД “Панче Пешев” од Куманово, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Нов кум на манифестацијата е директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ и претседател на здружението „За наше Куманово“ Даниел Стојчевски.
Loading...
Никола Ивановски