Борел го осуди антидемократското насилство во Бразил

Сподели со своите пријатели

Шефот на европската дипломатија Џозеф Борел изјави дека Европската унија (ЕУ) најостро го осудува антидемократското насилство и упадот во државните институции во Бразил.

Loading...

„ЕУ ја повторува својата целосна поддршка за претседателот Лула и бразилскиот демократски систем и изразува солидарност со демократските институции кои беа цел на овој напад“, рече Борел.

Тој додаде дека „бразилската демократија ќе надвладее над насилството и екстремизмот“, соопшти синоќа Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Политичките лидери на Бразил, особено поранешниот претседател Болсонаро, мора да се однесуваат одговорно и да ги поканат своите поддржувачи да си одат дома, рече шефот на европската дипломатија, додавајќи дека местото за решавање на политичките разлики е во институциите.