Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов во интервју за ABC зборуваше за плановите на Украина за 2023 година, а се осврна и на здравјето на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Украинска Правда.
– Долго време е болен. Сигурен сум дека има рак. Мислам дека наскоро ќе умре, се надевам многу брзо – рече Буданов и продолжи:
– Тоа не е мислење, тоа го знаеме од луѓе, од извори. Го добивме од извори блиски до Путин.
Тој исто така рече дека мисли дека Путин ќе умре по победата на Украина во војната:
– Војната мора да заврши пред неговата смрт. Ќе победиме во 2023 година. Луѓето не треба да се плашат од промена на власта во Русија, тоа ќе биде добро за сите – вели Буданов.
Иако не сакаше да навлегува во детали, откри и како наскоро можеме да ја очекуваме украинската офанзива… Најтешките битки ги очекува во март.
– Тогаш ќе видиме повеќе ослободување на територии и конечен пораз на Русија. Тоа ќе се случи низ цела Украина, од Крим до Донбас. Нашата цел, која ќе ја постигнеме, е враќање на границите од 1991 година – вели Буданов.
Тој не отфрли напади на руска територија, згора на тоа, рече дека нападите ќе одат „подлабоко и подлабоко“ на руска територија. Тој не прецизираше кој стои зад нападот, Украина или некој друг…
– Кој ги изврши тие напади, ќе коментирам по војната – додаде тој.