И годинава поставена „Бадниковата пештера“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Бадникова пештера“ е поставена во Касапски круг во Куманово каде граѓаните ќе може да оставаат донации за изработка на новогодишни подароци за деца од социјално загрозени семејства.

Loading...

Ова е само вовед во настанот Бадникови поворки кој по две години пауза поради пандемијата годинава продолжува да се реализира во Куманово и низ целата држава.

– Изработивме витлеемски ѕвездички, ќе се одржат две проби на дечињтата во соборниот храм „Свети Никола“ и се подготвуваат и бадниковите колачиња. Оваа година ќе имаме традиционална бадникова поворка која што ќе се одржи на 6. јануари на ден Бадник, ќе појдеме од соборниот храм и ќе се движиме по некоја од уличките во нашиот град и централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад каде што децата ќе ги чекаат изненадувања, изјави Ана Денковиќ Антевска од „Бадникови поворки“ Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

 

 

Годинава дел од настанот ќе биде и Хуманитарната организација „Крепост“ која ќе помогне во акцијата за собирање на парични средства и доделување новогодишни пакетчиња.

– Веќе се поставени пунктови за паричните средства низ повеќе локали во Куманово, каде што истите хумани граѓани можат да ги достават најдоцна до 30 декември и сите ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства и за најмалите дечиња. Веќе организиравме една акција за доделување новогодишни пакетчиња, во тек е и друга акција која ќе се реализира во среда во селото Бајловце за нивните ученици, изјави Марко Андевски од „Крепост“.

Loading...

Од здружението ги поканија верниците од кумановско да се придружат на поворката на Бадник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Никола Ивановски