Јапонија донираше нов ехо апарат за кумановската болница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Општа болница Куманово.

Loading...

Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, д-р Снежана Захариева, во знак на благодарност за донацијата.

 

 

Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Општа болница Куманово да добие нов Canon кардиолошки ехо апарат, во вкупен износ од 54,094 евра.

„Во изминатата година, со донираниот ехо апарат, секој месец се прават 40 – 50 прегледи на пациенти.” Вели д-р Захариева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борбата на кумановскиот народ за храмот „Свети Никола“

„Со помош на новиот ехо апарат, пациентите од 6 општини во северо-источниот регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија” – вели Амбасадорот Савада.

Loading...

 

 

Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со Градоначалникот на Општина Куманово, г. Димитриевски, и Директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, д-р Захариева.

За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош.

 

Loading...

 

Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  500 парчиња пиротехника пронајдени во продажен објект во Куманово

​Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.