Лавров: Нема да има обнова на претходните односи со Западот

Сподели со своите пријатели

Нема да има обновување на претходните односи со Западот, со кој соработката е можна само врз основа на нови принципи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција за европската безбедност, пренесе ТАСС.

Loading...

Лавров изјави дека НАТО се вратил на принципите на Студената војна затоа што сака да ги држи Русите надвор од Европа, а Американците во Европа и нагласи дека целата Европска унија сега е под контрола на САД, пренесува РИА Новости.

„Се сеќаваме како беше создадено НАТО: кога првиот генерален секретар на алијансата, г-дин Исмеј излезе со формулата „Држете ги Русите надвор од Европа, Американците во Европа и Германците под контрола“. Ова што сега се случува апсолутно значи враќање на НАТО на оние концептуални приоритети кои беа развиени пред 70 години“, рече Лавров.

Тој потсети и дека бомбардирањето на Југославија ја отвори Пандорината кутија и го прекрши меѓународното право, пренесува Спутник.

Според него, Западот се повеќе ја вовлекува Украина во НАТО, „што беше очигледна црвена линија, за која се свесни долги години“, пренесува РИА Новости.

„Предложивме да се откаже од проширувањето на НАТО и да се договорат конкретни безбедносни гаранции за Украина, Русија и ЕУ. Немаше дискусија за нашиот повик за креативен пристап кон оваа ситуација. Ни беше кажано само едно: секоја земја, пред се Украина има право да влезе во НАТО и никој ништо не може да направи околу тоа“, истакна Лавров.

Лавров рече дека Москва не барала разговори со Украина, но е подготвена да ја сослуша другата страна.

„Постојано сме обвинувани дека бараме некакви преговори за да добиеме време, иако никогаш не сме побарале никакви преговори, но секогаш сме кажувале дека доколку некој има интерес за решение преку преговори, ние сме подготвени да сослушаме“, велат од шеф на руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Лавров наведува дека шведското претседавање со ОБСЕ било „подготовка за погребот“ на таа организација, додека Полска годинава напорно работела на „копање на гробот на ОБСЕ“, пренесува ТАСС.

„Шведска беше претседател на ОБСЕ минатата година. Уште тогаш, Швеѓаните почнаа отворено да дејствуваат не како чесни посредници, туку како активни учесници на западната политика во ОБСЕ со цел да ја потчинат ОБСЕ на интересите на Америка и Брисел. Всушност, Швеѓаните почнаа да го подготвуваат погребот на ОБСЕ, а нашите соседи Полјаците оваа година напорно работеа на ископување на гробот на таа организација и уништување на се што остана од културата на консензус“, рече Лавров.

Лавров истакна дека Русија ќе се бори да обезбеди луѓето кои промовираат мизантропска идеологија во Украина и Европа да се пензионираат

Според него, ако европската дипломатија „помпезно повикува на одбрана на Украина“ со оправдување „одбрана на европските вредности“, „тогаш не треба да имаме ништо заедничко со таквата дипломатија“.

Лавров се осврна и на изјавата на папата Франциск за бруталноста на Чеченците, за која рече дека е нехристијанска и не помага ниту на авторитетот на Ватикан, ниту на решавање на конфликтот во Украина.

Претходно, во интервју за списанието „Америка“, Папата рече дека најголемата суровост за време на специјалната операција во Украина наводно покажале војници израснати надвор од руската традиција, наведувајќи ги како пример Бурјатите и Чеченците.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.