Вицепремиерката на Украина Јулија Свириденко изјави дека меѓу жените кои биле силувани во Украина за време на војната имало и петгодишно девојче како и 76-годишна баба.
Јулија Свириденко ги обвини руските војници за силување во Украина, нагласувајќи го ужасниот факт дека жртви на силување се девојчиња и баби.
Таа изјави за Скај њуз дека била информирана за неколку обвинувања од украински жени и девојки кои биле изложени на сексуално насилство за време на војната.
На прашањето како руските војници се однесуваат кон жените, Свириденко рече:
„Тоа е ужасно. Зборувавме за случаи на силување. Најмладата жртва имала пет години, а најстарата 76. Светот треба да слушне за овие страшни приказни и да одговори на тоа. Сакам да ја истакнам неопходноста од санкции против Русија и продолжување на снабдувањето на Украина со оружје за да не можеме да победиме во оваа војна“.
Таа посочи дека луѓето страдаат.
„Посебно страдаат жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ, а Украина се подготвува за повеќе ракетни напади и прекини на струја“, додаде таа.
Свириденко ги изнесе обвинувањата еден ден откако украинската прва дама Олена Зеленска ги обвини руските сили дека користат силување како дел од нивниот арсенал и воено оружје.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.