Во Кина се регистрирани 31.257 новозаразени со вирусот Ковид-19, што претставува најголем број дневни случаи од почетокот на пандемијата, и покрај строгите мерки за спречување на ширењето на вирусот, јавува Би-би-си.
Зголемениот број на заразени лица е забележан во неделите откако земјата ги олесни некои епидемиолошки мерки.
Соочени со заживување на случаи во Пекинг, како и со првите смртни случаи од вирусот по неколку месеци, властите веќе воведоа нови ограничувања во неколку области, при што продавниците, училиштата и рестораните се затвораат, објави британскиот јавен сервис.
Кина е последната голема економија која сè уште го спроведува процесот на искоренување на корона вирусот преку масовно тестирање и правила за заклучување.
И покрај порастот на инфекциите во Кина, стапката на смртност останува далеку пониска од многу други напредни економии во екот на пандемијата, со официјалниот број на смртни случаи во земјата на нешто повеќе од 5.200.