Ватикан е подготвен да направи се што е можно за да посредува и да стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина, изјави поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
На прашањето на новинарот на италијанскиот весник „Стампа“ дали верува дека е можно помирување меѓу Москва и Киев, Папата ги повика сите „да не се откажуваат“.
– Но, секој мора да се посвети на демилитаризирање на своите срца, почнувајќи од своето, а потоа на ублажување и „разоружување“ на насилството. Сите ние мора да бидеме пацифисти и да сакаме мир, а не само примирје што може да се користи за ново вооружување. Вистински мир, кој е плод на дијалогот – нагласи папата Фрањо.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.