Министерството за внатрешни работи информира дека денеска пријави за бомби биле испратени до седум скопски училишта.
Loading...
– Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.
Како што додаваат од полицијата, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски