Палестинец со нож рани тројца Израелци на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Денеска, Палестинец уби двајца Израелци и тешко рани четворица во напад во населбата Ариел на окупираниот Западен Брег, пред да биде застрелан и убиен од израелските безбедносни сили, објавија израелските болничари и палестинските власти.

Loading...

Израелските болничари потврдија дека двајца Израелци загинале во населбата Ариел, а четворица ранети Израелци се хоспитализирани и се во тешка состојба, пренесе АП.

Израелската армија соопшти дека Палестинец нападнал Израелци на влезот во индустриската зона на населбата Ариел, а потоа отишол до блиската бензинска пумпа и таму со нож нападнал повеќе луѓе.

Според првите извештаи на израелските медиуми, Палестинецот се обидел да избега од местото на настанот и со својот автомобил истрчал на соседниот автопат, се судрил со возила од спротивниот правец, а потоа избегал од возилото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

Израелските сили убиле Палестинец додека се обидувал да побегне.

Израелскиот премиер Јаир Лапид упати сочувство до семејствата на загинатите во нападот, наведувајќи дека Израел постојано и со полна сила се бори против теророт.

Нападот е последен во серијата израелско-палестински судири на Западниот Брег и Источен Ерусалим во кои оваа година загинаа најмалку 23 Израелци и повеќе од 130 Палестинци.