Министерството за одбрана на Обединетото Кралство (МО) го објави најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина.
Се вели дека руските сили, откако го напуштиле јужниот град Херсон, сега го направиле пристанишниот град Хеническ, кој се наоѓа на Азовското Море, „привремен главен град“ на окупираниот регион.
Изборот на оваа област „навестува за приоритетите и грижите на руските команданти“ додека тие ја консолидираат својата одбрана во јужна Украина, се додава во извештајот.
„Одбраната е добро позиционирана да ги координира акциите против потенцијалните украински закани од Херсон на запад и исто така од североисток, како и да добие засилување од Крим“, објавија тие.
Регионот исто така е „надвор од дострелот на украинските артилериски системи кои нанесоа голема штета на руските теренски командни пунктови“.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 15 November 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/F8EA3mAX6i
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/IxCaWru4N1
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) November 15, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.