Димитриевски: Додека едни само зборуваат за мултиетничност, Куманово го практикува на дело

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на свечената седница по повод 78 години од ослободувањето на Куманово истакна дека Куманово е пример како треба да функционира една локална заедница, како се гради негува соживотот и реално мултиетничко општество. Додека едни само зборуваат за мултиетницизам, Куманово истиот го практикува на дело.
Тој потенцираше дека во Куманово нема поделби по ниту еден основ, ниту по партиска, ниту по верска припадност, а за интересите на граѓаните мора сите да се сложни.

Loading...

Концертите во Куманово по повод прославата на Денот на градот – 11 Ноември ги посетија над 10.000 граѓани од повеќе градови, од различна возраст и од сите етнички заедници кои заеднички на градскиот плоштад празуваа, се дружеа и се забавуваа. Настапија музички изведувачи од Македонија, Србија и Косово како Лозано, Next Time, Bardhi i ALketа, Sara Jo, Дајте Музика и Тајзи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

На Свечената седница по повод прославата на градот денеска беше претставена прекрасна мултиетничка програма во релаизација на Оркестарот од професори при музичкото училиште “Панче Пешев” со изведба на “Јовка Кумановка”, настап на повеќето културно уметнички друштва од Куманово како што се КУД “Панче Пешев”, КУД “Барјрам Шабани”, Етно фолк студио, КУД “Карпош” и КУД “Срма”, со сплет кој имаше за цел да ги претстави сите етникуми, мултикултурното општество и соживотот кој реално владее во Куманово.

Loading...

Настапи и Оркестарот “Симфониум” при Гимназија “Гоце Дечев” , на чело со професорот Филип Петровски, со интерпретација на Химната, “А, бре Македонче” и “Бела чао” со вокална придружба од страна на Илија Белистојаноски и балетска придружба од страна на Денс студио “Виртус” и ТСК “Динамик”. Куманово продолжува да биде пример за слога, соживот, взаемно разбирање и почитување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово