Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улицата „425“ во населбата Иго Тричковиќ, „Никола Вапцаров“ бр.1, „11 Октомври“, „Љубе Гачев“, „Биљановска“ бр. 2а и улицата „АСНОМ“ бр. 31.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 2.000 парчиња пиротехника пронајдени кај 71-годишник од Старо Нагоричане