Германија и Европа нема да попуштат во пружањето помош за Украина, што се однесува на политичка, економска, хуманитарна и вооружена помош за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во разговор со украинскиот премиер Денис Шмихал во Берлин, Шолц ја изразил својата почит и благодарност за храброста на украинскиот народ во одбраната од руската агресија, објави портпаролот на германската влада Штефен Хебенстрајт.
Шмихал и Шолц разговараа за актуелната ситуација во Украина, поддршката на германската влада и иницијативите за обнова на Украина, особено во врска со експертската конференција што ќе се одржи во Берлин на покана на Германија како претседавач со Г7 и Европската комисија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.