ЖРК Куманово го декласираше Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впишаа убедлива победа против составот на Пелистер откако вчера на домашен терен имаа резултат од 41:25.

Loading...

Уште во првото полувреме беше видлива решеноста на избраничките на Драгана Ристова да го добијат натпеварот, а тоа го покажа и резултатот од 20:14.

Во второто полувреме кумановки влегоа порелаксирани и билдаа уште поголема разлика над противникот за конечна победа со 16 голови разлика.

Неприкосновена игра за Куманово прикажа Бразилката Алмеида Коста Андреза која забележа 15 погодоци. Со седум погодоци одлично издание имаше и Пена Граматова, а еден бод помалку впиша Сара Цветановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

Во тимот на Пелистер најдобра игра имаше Ана Марија Талева со седум голови.

Ова бее загревање за кумановки кои веќе во понеделник играат нов дерби натревар против составот на ЖРК Вардар.

Никола Ивановски