Повторно оштетен далноводот кој ја снабдува со струја нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Далноводот што ја снабдува електричната енергија на нуклеарната централа Запорожје е оштетен по втор пат за пет дена, што ја принуди централата да се префрли на дизел генератори, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, пренесува Ројтерс.

Loading...

Тој на својот Твитер профил објави дека МААЕ се залага за демилитаризирана безбедносна зона околу централата, која е блиску до линијата на фронтот меѓу украинските и руските сили.

Шефот на регионот Запорожје, назначен од Москва, Евгениј Балицки, рече дека безбедносната зона не е можна додека фронтот не се помести за најмалку 100 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.