Стремусов: Украинските сили застрелаа 16 цивили во Херсон

Сподели со своите пријатели

Заменик-шефот на проруската воено-цивилна администрација на регионот Херсон, Кирил Стремусов, тврди дека украинските војници застрелале 16 цивили во селото Велика Олександровка на северот на тој украински регион, чие присоединување кон Русија неодамна беше објавено од Москва.

Loading...

Според Стремусов, еден човек лично видел дека украинските сили застрелале 16 цивили со кои првпат се сретнале и не се знае дали се мажи или жени, пренесува РИА Новости.

Стремусов додаде дека селото Велика Олександровка се наоѓа во тампон зоната на северот на регионот Херсон и неодамна е под контрола на вооружените сили на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.