Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи, обвинувајќи ги САД дека применуваат двојни стандарди и се мешаат во внатрешните работи на земјите ширум светот.

Loading...

Ко за државниот медиум KCNA изјави дека референдумите се одржани легитимно, во согласност со повелбата на Обединетите нации, пренесе Ројтерс.

САД се обидуваат да одржат униполарен свет со мешање во внатрешните работи на независните држави, игнорирајќи го Советот за безбедност на Обединетите нации, рече Ко.

Таа потсети дека САД ја водеа агресијата врз суверените држави како Југославија, Авганистан и Ирак.

САД минатиот месец објавија дека Русија набавува милиони проектили и артилериско оружје од Северна Кореја.