Лавров: Анексијата на територии е продолжение на обединувањето од 2014 година

Сподели со своите пријатели

Приклучувањето на Доњецк и Луганск, Запорожје и Херсон во Руската Федерација е логично продолжување на обединувањето на руските земји што започна во 2014 година со враќањето на Република Крим во Русија и градот Севастопол, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пленарната седница на Државната дума.

„Овој процес е логично продолжување на процесот на обединување на руските земји што започна со враќањето на Република Крим и градот Севастопол на Руската Федерација во 2014 година“, рече Лавров. , пренесува ТАСС.

Тој посочи дека сериозните закани на режимот во Киев за животите и безбедноста на луѓето на национална, јазична и верска основа постојано растат, што, како што рече, ги оневозможува ДНР и ЛНР, како и Херсон и Запорожје регионите да бидат дел од Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Латвија забрани руски книги и весници: „Се штитиме од пропаганда“

„Тие закани го оневозможија опстанокот на тие региони во Украина“, рече Лавров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.