Шолц: Германија треба да ги прифати Русите кои не сакаат да се борат во Украина

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата земја треба да ги прифати Русите кои не сакаат да се борат во војната во Украина.

Loading...

„Јас поддржувам нудење заштита на тие луѓе. Се разбира, тие мора да поминат низ безбедносна проверка пред тоа, за да знаат кого пуштаме во земјата“, рече Шолц.

Германската влада неодамна изрази желба да усвои заедничко решение на европско ниво во однос на односот кон руските дезертери, наведува АП.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.