Русија испраќа мобилизирани луѓе во војната во Украина без никаква обука, соопшти денеска американскиот тинк-тенк Институт за воени студии.
Институтот ја цитира изјавата на маж од видео кое се прошири на социјалните мрежи и се идентификува како припадник на Првиот тенковски полк.
Човекот е видно вознемирен и вели дека тој и неговите колеги нема да добијат никаква обука пред да бидат испратени во окупираната украинска област Херсон.
„Мобилизираните мажи со еден или два дена обука веројатно нема значително да ги зајакнат руските позиции кои се нападнати од украинските контранапади на југот и на истокот на земјата“, се вели во својата проценка на Институтот за воени студии.
Украинската армија денеска соопшти дека рускиот прв тенковски полк и уште една единица на Првата тенковска армија добиле засилување во форма на мобилизирани Руси, кои биле испратени на фронтот без никаква обука.
Украинците тврдат дека Русите испраќаат затвореници на фронтот за да ги зајакнат своите сили.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.