Пашинјан: Во конфликтот со Азербејџан загинаа 135 војници

Сподели со своите пријатели

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека во судирите со Азербејџан оваа недела загинале 135 ерменски војници, пренесува РИА Новости.

Loading...

„Според последните податоци, нашите загуби се 135 загинати. Овие бројки не се конечни. Има многу ранети“, рече Пашинјан на владиниот состанок.

Ерменскиот премиер изјави дека владата не смета дека е неопходно да се воведе вонредна состојба, но дека волонтерите можат да придонесат за одбраната на земјата со пријавување.

Пашинјан во средата рече дека 105 ерменски војници загинале и дека тој број веројатно ќе се зголеми.

Министерството за одбрана на Азербејџан вчера соопшти дека 71 азербејџански војник загинале оваа недела во обновените судири на границата со Ерменија, пренесе Ројтерс.

Баку и Ереван се согласија за прекин на огнот кој ќе стапи на сила од среда во 20:00 часот по локално време.

Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно-Карабах, меѓусебно се обвинуваат за започнувањето на серија гранични судири на 12 септември, најсмртоносните меѓу двете земји од шестнеделната војна во 2020 година, во која загинаа илјадници луѓе.