ДРАМА ВО ЛОНДОН: Избодени двајца полицајци!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Двајца полицајци се избодени со нож во центарот на Лондон во раните утрински часови, еден е тешко повреден.

Полицијата соопшти дека двајца полицајци биле нападнати во областа Хејмаркет во централен Лондон.

Двајцата се повредени, еден е хоспитализиран.

Извор изјави за Mail Online дека еден полицаец бил прободен со нож во вратот, но полицијата допрва треба да го потврди тоа.

Се чека официјално соопштение од Скотланд Јард.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: 14 милиони луѓе би можеле да умрат поради намалувањето на помошта од Трамп