Се урна хеликоптер во Кабул, тројца загинати

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа за време на обука на талибанците во Кабул кога се урна хеликоптер од американско производство, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Loading...

Хеликоптер „Блек Хок“ се урна во кампусот на Универзитетот за одбрана поради „технички проблем за време на вежба“.

Двајца пилоти и еден член на екипажот загинаа, а пет членови на екипажот се повредени.

За време на повлекувањето од Авганистан пред една година, американската војска зад себе остави авионска опрема, оружје и возила во вредност од милијарди долари, од кои повеќето станаа неупотребливи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)