Се очекува јапонскиот цар да присуствува на погребот на кралицата

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот император Нарухито се очекува да присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, објавија денеска јапонските медиуми.

Loading...

Тоа ќе биде негово прво патување во странство откако седна на тронот во 2019 година по абдицирањето на неговиот татко.

Царот планираше да отпатува во Велика Британија на своето прво патување во странство откако ја презеде функцијата, но таа посета беше одложена поради пандемијата.

Според јапонскиот јавен радиодифузен сервис NHK, повикувајќи се на официјални извори денеска, владата и царскиот дом се во фаза на подготовки.

Весникот „Мајничи шимбун“ пишува дека тоа би бил многу необичен гест за Нарухито, кој обично не присуствува на погреби надвор од земјата.

Јапонските медиуми укажуваат на блиските врски меѓу членовите на јапонското и британското кралско семејство.

Таткото на Нарухито, Акихито, бил присутен во 1953 година на крунисувањето на Елизабета Втора, тогаш како престолонаследник на Јапонија.

Елизабета Втора ја посети Јапонија во 1975 година, прва посета на британски монарх. Потоа го запознала императорот Хирохито, дедото на Нарухито.

Loading...

Во изјавата по објавувањето на смртта на британската кралица, Нарухито ги поздрави нејзините „бројни достигнувања и придонеси“ и изрази длабока тага.

Јапонскиот цар, кој студирал на Оксфорд, се заблагодарил и на Елизабета Втора за бројните почести што му биле покажани за време на студиите и посетите на Велика Британија.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 97-годишна возраст, а нејзиниот погреб, чиј датум ќе го соопшти Бакингемската палата, ќе биде за помалку од две недели.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.