Кралицата Елизабета Втора. во вторникот ја загрижи јавноста за време на средбата со новата премиерка Лиз Трас. Многумина тогаш забележаа дека раката на кралицата е сина.
Знамињата беа спуштени на половина копје, а премиерката Лиз Трас и се обрати на јавноста во Даунинг стрит.
– Ова е голем шок за нацијата и светот. Сите сме уништени – им порача премиерот на насобраните пред Даунинг стрит.
Трас ја опишува кралицата како „карпата на која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“.
Таа се сеќава како отишла во Балморал пред само два дена за да се сретне со кралицата и да положи заклетва како премиер и вели дека монархот бил „лична инспирација“ за неа.
Истакнува дека посветеноста на кралицата на должноста била „пример за сите“ и дека денес е „ден на голема загуба“.
Таа го спомна и кралот Чарлс, велејќи дека земјата сега мора да се обедини за да го поддржи и да ја понуди својата „лојалност и посветеност“.
– Боже, заштити го кралот – рече на крајот премиерот.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.