СЗО: Епидемијата на мајмунски сипаници забавува во Европа

Сподели со своите пријатели

Запрено е трајното пренесување од човек на човек во Европа, објави Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АФП.

Loading...

Регионалниот директор на СЗО за Европа, др. Ханс Клуге рече дека има „охрабрувачки знаци дека епидемијата на мајмунски сипаници забавува“.

Повеќе од 22.000 случаи се пријавени во 43 земји во Европскиот регион на СЗО, што претставува повеќе од една третина од глобалниот број на инфекции. Ова ги вклучува Русија и земјите од Централна Азија.

Минатата недела, СЗО објави 21 процент намалување на бројот на нови случаи во светот по четири последователни недели на раст.

– Има охрабрувачки првични знаци, како што се гледа од Франција, Германија, Португалија, Шпанија, Обединетото Кралство и други земји, дека епидемијата може да се забавува. За да се придвижиме кон елиминирање на вирусот во Европа, мора итно да ги засилиме сите напори. Сепак, веруваме дека можеме да го елиминираме трајното пренесување на мајмунски сипаници од човек на човек во Европа доколку и се посветиме и ги вложиме потребните ресурси – изјави др. Клуге.

СЗО препорачува одржување на мерките за надзор, насочена вакцинација и идентификација на случаи на контакт.

Тие, исто така, препорачуваат соработка со машката хомосексуална заедница, меѓу која главно циркулирал вирусот, со цел „да се обезбеди средина без стигма и дискриминација“.

Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...