Брод со украинско жито пристигна во Џибути

Сподели со своите пријатели

Првиот хуманитарен брод изнајмен од ОН за транспорт на украински житарки во Африка пристигна денеска во пристаништето Џибути со околу 23.000 тони пченица.

Loading...

Бродот „Храбар командант“ на 16 август тргна од пристаништето Пивдење кај Харков.

Транспортот на жито беше овозможен во јули со потпишување на договор меѓу Киев и Москва, под покровителство на Турција и ОН, кој дозволува извоз на украинско жито блокирано поради војната.

Поради гладот ​​и најголемата суша во последните 40 години, околу 22 милиони луѓе се загрозени во Рогот на Африка, особено во Сомалија, Етиопија и Кенија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија регрутира очајни Украинци во ЕУ за смртоносни мисии

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.