Монструмот Брејвик повторно ја тужи владата во Осло

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот ултрадесничар Андерс Брејвик, кој уби 77 луѓе во 2011 година, повторно ја тужи норвешката влада со желба да го прекине престојот во самица, објавија денеска норвешките медиуми.

Loading...

Брејвик е во самица од неговото осудување во 2012 година и немал контакт со други затвореници додека ја отслужувал казната, изјави адвокатот Листен Сторвик, пренесува АП.

Тој за норвешката агенција НТБ изјави дека Брејвик на почетокот на годината бил префрлен од еден во друг затвор, но дека, како што вели, не е постигнат напредок во однос на контактите со другите затвореници.

„Тој нема контакт со никого освен со затворските чувари“, рече Сторвик, додавајќи дека тоа е кршење на човековите права.

Во својата последна одлука, судот одлучи дека Брејвик мора да остане во затвор бидејќи тој и понатаму е потенцијална закана и постои „јасен ризик“ да се врати на однесувањето што го натера да го изврши масакрот пред 11 години кога уби 77 луѓе на летен камп.

Брејвик отслужува максимална затворска казна од 21 година, а во 2016 година успешно ја тужеше норвешката влада за кршење на човековите права, жалејќи се на изолација од други затвореници, чести претреси во ќелиите, квалитетот на затворската храна и друго.