Турција: Враќањето на Крим на Украина треба да биде дел од договорот

Сподели со своите пријатели

Турција објави дека ја отфрла илегалната руска анексија на Крим и дека турската позиција по ова прашање не е променета, пренесува ТАСС.

Loading...

Крим треба повторно да стане дел од украинската територија и тоа треба да биде дел од секој иден договор меѓу Киев и Москва, изјави денеска во интервју за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Руската анексија на Крим е нелегална, а ставот на Турција за тоа не е променет од 2014 година, нагласи тој, пренесе турската телевизија ТРТ.

– Ова треба да биде основа на секој договор што треба да се формира – изјави турскиот функционер, пренесува ТАСС.

Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла илегалната анексија на Крим, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Враќањето на Крим во Украина е суштинска потреба од гледна точка на меѓународното право“, рече Ердоган во видео пораката за време на вториот самит на Кримската платформа, меѓународен механизам за координација преку кој Киев се обидува да привлече поголемо глобално внимание на Руската анексија на Крим во 2014 година, објави Ал Џезира.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.