Утре Летонија ќе го отстрани споменикот од времето на Советскиот Сојуз во главниот град Рига кој ја одбележува победата на Црвената армија над нацистичка Германија, соопштија денеска локалните власти.
Извршниот директор на летонската престолнина Јанис Ланге рече дека споменикот, поставен во 1985 година, додека Латвија сè уште беше дел од Советскиот Сојуз, ќе биде отстранет со машини, без употреба на експлозиви.
Полицијата ја опколи областа кај споменикот во Паркот на победата во центарот на Рига.
Споменикот се состои од 80-метарска бетонска кула со петкрака ѕвезда на врвот и две групи статуи.
Не се знае што ќе биде со споменикот откако ќе биде отстранет.
Балтичките земји досега отстранија многу споменици кои го слават Советскиот Сојуз или комунистичките лидери.
Минатата недела, Естонија го отстрани споменикот од советската ера во близина на градот Нарва, на истокот на земјата каде што се зборува руски.
На врвот на споменикот имаше тенк-реплика, кој беше преместен во воениот музеј северно од главниот град Талин.
Летонија, Естонија и Литванија зазедоа цврст став против руската инвазија на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.