Мнозинството во Комисијата за здравство сепак кажа „не“ на предлогот на опозицијата, забраната за пушење да не важи за терасите од кафулињата и рестораните на кои во текот на летниот период се пушти, а во зима се затвораат од сите страни.
Социјалдемократите велат дека нема логика забраната да варира во зависност од временските услови и предлагаат објектите во зима да не се сметаат за затворени, а сопствениците да се потрудат да обезбедат добра вентилација.
Од мнозинството во комисијата сепак одговор дека доколку им се допушти тоа на угостителите, веднаш ќе биде злоупотребено, а од друга страна СДСМ укажува дека законот и онака никој не го почитува и сега, па ниту оние кои го донеле.
Аргументите со кои СДСМ истапи беше и дека тутунот е стратешка култура во Република Македонија и дека нејзиното производство не смее да згасне, но истакнаа и дека нема анализа за позитивните ефекти од овој закон.
Секако следеа и контра – аргументи на ВМРО, дека во последните години тутунот има добар пласман, цена и субвенции, а за здравствената анализа од законските регулативи ќе се знае по 20 години.
извор: Телма